КООРДИНАТИВНО ТЕЛО

ЦЕЛИ

Координативното тело е формирано за да го следи однесувањето и постапувањето на интернет на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, но и на оние кои не учествуваат директно во изборите или на референдум, но можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања (инфлуенсери, јутјубери и слично)

Истовремено, ќе бидат опфатени и онлајн медиумите (интернет-портали), социјалните мрежи  (Фејсбук), веб- страниците на радијата и телевизиите.

СОСТАВ

Координативното тело е составено од претставници на релевантни институции/организации со искуство, знаење и пракса на постапување во областа:

– Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
– Здружение на новинари на Македонија
– Македонски институт за медиуми
– Совет за етика во медиумите во Македонија
– Институт за комуникациски студии
– Фондација „Метаморфозис“

Координатор на телото е Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, а заменик-координаторка е Оливера Војновска од Фондацијата „Метаморфозис“.

НАЧИН НА РАБОТА

Телото ќе функционира наменски, што значи од денот на распишување на избори/референдум до нивно завршување.

Секој којшто смета дека не се испочитувани етичките начела и принципи пропишани во Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми може да поднесе претставка до Координативното тело.

За да се олесни поднесувањето претставка, изработен е посебен образец, достапен на овој линк.

Откако ќе се пополни образецот, тој се доставува на електронската адреса koordinativnotelozaizbori@avmu.mk по што ќе биде предмет на разгледување од страна на Координативното тело.

КАКО ОДЛУЧУВА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО?

Добиената претставка се проследува на разгледување и обработка на членката која е најсоодветна за тоа. На пример, ако поплаката се однесува на содржини кои се објавени во весниците и нивните електронски изданија, онлајн медиумите и интернет-изданијата на радиодифузерите, претставката ја обработува Советот за етика во медиумите.

Доколку има сомнеж дека новинари ги прекршиле професионалните стандарди и етика при нивното известување, претставката ќе ја обработи Здружението на новинари – ЗНМ.

Ако пак, има евентуална појава на дезинформации во онлајн медиуми и социјалните мрежи, или од политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања, ќе постапува Фондацијата „Метаморфозис“.

Во случај кога е потребна поинаква експертиза или прашањето е целосно или делумно во надлежност на друга институција или тело, Координативното тело се обраќа до соодветната институција/организација.

Одговорот го разгледуваат сите членки и по гласањето (се одлучува со просто мнозинство), тој се смета за конечен.

Правилник за работата на координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на избори или на референдум (пречистен текст)

Записници од состаноци на Координативното тело

Резиме на претставки за прекршувања за време на Локалните избори 2025 

ЧЛЕНКИ НА КООРДИНАТИВНОТО ТЕЛО: 












РЕЛЕВАНТНА ЛЕГИСЛАТИВА

Кодекс на новинарите на Македонија – ЗНМ 
Насоки за етичко известување на онлајн медиумите – СЕММ
———————————————-
Изборен законик
– Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги
Закон за медиуми
Закон за заштита на лични податоци
Закон за спречување дискриминација
Европска конвенција за заштита на човекови права