Поднеси претставка

ПОДНЕСИ ПРЕТСТАВКА

КОЈ МОЖЕ ДА ПОДНЕСЕ ПРЕТСТАВКА

Секој граѓанин или правен субјект може до Координативното тело да поднесе претставка доколку смета дека начелата и стандардите пропишани во Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми не се испочитувани од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

ЗА ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ ПОДНЕСЕНА ПРЕТСТАВКА

Претставка може да биде поднесена во однос на говор на омраза, ширење дезинформации (неточни, нецелосни, лажни или злонамерни информации), дискриминација по која било основа, необезбедена транспарентност на политичкото рекламирање и неговото финансирање, неетичко користење на социјалните медиумите и службените профили на социјалните мрежи, почитување на правилата за изборен молк (повеќе детали се содржани во Кодексот)

⇓ ОБРАЗЕЦ НА ПРЕТСТАВКА 

Е-ПОШТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПРЕТСТАВКА:

koordinativnotelozaizbori@avmu.mk