Автор: Jeton Ismaili

Со распишувањето на Парламентарните и Претседателските избори 2024, започна и периодот на постапување на Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Координативното тело ќе постапува по претставки во врска со евентуални прекршувања на Кодексот од страна на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите на факти, инфлуенсерите и другите субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми. Претставки можат да пратат сите граѓани и правни лица на е-адресата: koordinativnotelozaizbori@avmu.mk. Претставките може…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 12 октомври 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со поддршка на Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) на ОБСЕ, денеска го промовираше Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Кодексот е изготвен на иницијатива на Агенцијата во соработка со релевантните институции од областа – Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис. Принципите и стандардите пропишани во Кодексот се од етичка природа, поради што неговото почитување е на доброволна основа, со потпишување Пристапница. Дигиталното опкружување донесе…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ