На 12 октомври со почеток во 12 часот, во Хотелот „Холидеј Ин“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР ќе одржи настан на кој ќе биде промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.
Кодексот е изготвен на иницијатива на Агенцијата во соработка со релевантните институции од областа – Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис. Во процесот на изготвување е користена експертска помош од ОБСЕ/ОДИХР.
На настанот ќе биде презентирано начинот на функционирање и улогата на Координативното тело за следење на почитувањето на начелата и стандардите од овој Кодекс и веб страницата izborenkodeksonline.mk, наменски изработена во функција на запознавање на јавноста со Кодексот и работата на Координативното тело.
Покрај директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, на настанот ќе се обратат и министерот за информатичко општество и администрација г. Азир Алиу, Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ H.E. г. Килиан Вал и м-р Виторија Занелати и м-р Владимир Мисев од ОДИХР. За значењето на Кодексот свои гледишта ќе споделат и претставници на неколку институции.
Агендата за настанот е достапна на линкот.