Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата „Метаморфозис“ на 29 септември 2023 година, потпишаа Меморандум кој ќе ја уредува меѓусебната соработка поврзана со следењето на начинот на однесување и постапување на повеќе чинители во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Со Меморандумот подетално е разработен начинот на дејствување на Координативното тело за пријавување и постапување по претставки кои ќе се однесуваат на политичките партии, нивните кандидати, независните кандидати, интернет изданијата на радиодифузерите, онлајн медиумите, проверувачите…
Автор: trinitymedia
На 12 октомври со почеток во 12 часот, во Хотелот „Холидеј Ин“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во коорганизација со ОБСЕ/ОДИХР ќе одржи настан на кој ќе биде промовиран Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. Кодексот е изготвен на иницијатива на Агенцијата во соработка со релевантните институции од областа – Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис. Во процесот на изготвување е користена експертска помош од ОБСЕ/ОДИХР. На настанот ќе биде презентирано начинот на функционирање и улогата…