Автор: Ivana Stojanovskа

Со цел подигнување на  јавната свест за постоењето и значењето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, преку пораки и видеа  на социјалните мрежи,  јавноста ќе се информира за важноста на етичкото однесување во дигиталниот простор за време на изборниот процес, за значењето на Кодексот и за начините на поднесување претставка до Координативното тело кое го следи почитувањето на Кодексот. Пораките и видеата ќе бидат објавувани на македонски и албански јазик. На овој начин се очекува подигнување на свеста на субјектите на кои тој се однесува за нивната одговорност при водењето кампањи во…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Со цел да се подигне јавната свест за постоењето и значењето на Кодексот, за начинот на функционирање на Координативното тело и за начинот на поднесувањето претставки до телото, креирани се Фејсбук и Инстаграм профили на Кодексот. На нив, ќе се објавуваат пораки на македонски и албански јазик поврзани со Кодексот, а во наредниот период ќе бидат објавени и видео содржини. На профилите на Фејсбук и Инстаграм може да се пристапи и преку веб страницата www.izborenkodeksonline.mk.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 26 август 2025 година, се состана во врска со претставката поднесена од коалицијата „Вреди“ против онлајн медиумот Тетовасот.мк и новинар од овој медиум за видео прилог објавен на 19.08.2025, со наслов „Нема струја во Желино, граѓаните револтирани. Овие се крадци“ (S’ka “strujë” në Zhelinë, qytetatët revoltohen. “Këta janë hajduta”). Заклучокот од состанокот на Координативното тело е достапен на линкот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

На 13 август 2025 година, се одржа првиот состанок на Координативното тело кое ќе постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми за време на изборниот процес за Локалните избори 2025 година. На состанокот, беше констатирано дека ЗНМ и Метаморфозис номинираа нови членови/замници-членови во Телото поради објективна спреченост на претходните членови. Нов претставнки на ЗНМ е Огнен Јанески, а на Метаморфозис Џенис Сулимани. Повеќе информации од состанокот се достапни на линкот.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 14.08.2025 – По распишувањето на Локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври 2025 година, одново се активира Координативното тело за постапување по претставки врз основа на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, како механизам за заштита и почитување на правото на слобода на изразување и информирање, загарантирано со членот 10 од Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и македонските закони. Поединци, институции, невладини организации, политички партии или независни кандидати, можат да поднесат жалба до Координативното тело, доколку сметаат дека во врска со изборниот процес се шират…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 19.02.2024 – За потребите на Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, изработено е промотивно видео за можноста на граѓаните да поднесат претставка доколку на интернет забележат ширење на дезинформации, говор на омраза, дискриминација по која било основа, злоупотреба на лични податоци и други форми на неетичко однесување на интернет. Видеото е достапно на следниот линк

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

На 12 февруари 2024 година во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа конститутивен состанок на Координативното тело кое ќе постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми. На состанокот беа изгласани Саше Димовски од Здружението на новинари на Македонија за координатор и Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис за заменичка – координаторка на Координативното тело. Меѓу останатото на состанокот се дискутираше и за предлог-правилникот за работа на Координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на изборни процеси и референдуми, мандатот на телото како и на координаторот/заменикот…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ