Автор: Ivana Stojanovskа

Скопје, 5 ноември 2025 – Координативното тело што постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми ги финализираше активностите реализирани за време на Локалните избори 2025. На почетокот на изборниот процес, Координативното тело ги охрабри сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат и да се заложат за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат Локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Кодексот беше испратен на сите партии и независни листи и кандидати кои учествуваа во изборниот процес, за да имаат можност да пристапат кон него. За…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 5 ноември 2025 – Во периодот на Локалните избори 2025 година, Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на избори и референдуми ја потврди својата улога на механизам за брза реакција во случај на неетичко однесување во онлајн просторот – каде најчесто се шири говор на омраза и манипулативна комуникација. До Координативното тело, во периодот од официјалното распишување на Локалните избори до заокружувањето на вториот круг на гласање, беа поднесени 8 претставки, главно од кандидати за јавни функции во локалната управа, политички коалиции и новинари што се однесуваат на медиумски содржини,…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 31.10.2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 31 октомври 2025 година расправаше за Претставката поднесена од физичко лице против кандидат за градоначалник на Град Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Претставката се однесува на начинот на комуникација на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кон неговиот политички соперник, односно кандидатот за градоначалник на Град Скопје од политичката партија Левица, за време на ТВ-дуелот емитуван на Канал 5 и достапен на Фејсбук профилот на Телевизијата од 28 октомври 2025 година. Заклучокот…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 31 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 31 октомври 2025 година расправаше за претставка поднесена од Коалицијата Влен против медиумот „Фокус“ за текст објавен на неговата интернет страница „Фокус.мк“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 31 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 31 октомври 2025 година расправаше за претставка поднесена од Коалицијата Влен против медиумот „Трилинг“ за текст објавен на неговата интернет страница „Трилинг.мк“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 31 октомври 2025 – Координативното тело за следење на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 29 октомври 2025 година решаваше за претставка поднесена од физичко лице против актуелниот градоначалник на Општина Македонска Каменица и кандидат за нов мандат. Претставката се однесуваше за објава на социјалната мрежа Фејсбук на 17.10.2025, од страна на актуелниот градоначалник на Македонска Каменица, која според жалителката содржи „навреди, ширење говор на омраза, шпекулации и дезинформации“ против нејзината мајка. Заклучокот кој го донесе Координативното тело во врска со претставката е достапно на линкот.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 22 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 17 октомври 2025 година расправаше за претставката поднесена од главната и одговорна уредничка на порталот Апла.мк, против независната иницијатива „Поинаку“, односно нивни поддржувач. Во претставката беше наведено дека поддржувачот „со вулгарности и крајно недоличен речник го нападна порталот Апла.мк од Битола…откако порталот објави дека брендирано камионче со фотографии од кандидатката за градоначалник на Битола е паркирано погрешно на пешачка патека и дел на коловозот“, за што приложува и фотографија. Заклучокот кој го донесе Координативно…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 22 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 17 октомври 2025 година расправаше за Претставката поднесена од главната и одговорна уредничка на порталот Апла.мк, против кандидат за советник на независната иницијатива „Поинаку“ од Битола, воедно и советник во Советот на Општина Битола, во два мандати во изминатите 8 години. Во претставката, беше наведено дека лицето на својот Фејсбук профил објавило статус упатен кон политичките ривали, медиумите и воопшто гласачите, во кој употреби недоличен, уличарски вокабулар, рушејќи ги сите нивоа на пристојно политичко…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопје, 9.10.2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 7 октомври 2025 година, се состана во врска со претставката поднесена од страна на кандидатка за градоначалничка на Општина Кочани, против Радио Кочани, поради тоа што Радиото, на 3 октомври 2025 година, закажало дебата само со двајца од шестмина градоначалнички кандидати. Координативното тело им укажува на медиумите дека треба да бидат транспарентни во однос на претставувањето на кандидатите, да имаат јасен план и правила за тоа како, во сите облици на изборно медиумско претставување, вклучувајќи ги…

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

За потребите на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми креирани се кратки едукативни видеа на македонски и албански јазик. Видеата се објавени на Фејсбук и Инстаграм профилите на Кодексот. Целта на видеата е да се подигне јавната свест за постоењето на Кодексот, да се појасни на кого тој се однесува и да се поттикнат граѓаните да истражат дополнителни информации на веб страницата www.izborenkodeksonline.mk Видеото на македонски јазик е достапно на линкот Видеото на албански јазик е достапно на линкот

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ