Скопје, 22 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 17 октомври 2025 година расправаше за претставката поднесена од главната и одговорна уредничка на порталот Апла.мк, против независната иницијатива „Поинаку“, односно нивни поддржувач.
Во претставката беше наведено дека поддржувачот „со вулгарности и крајно недоличен речник го нападна порталот Апла.мк од Битола…откако порталот објави дека брендирано камионче со фотографии од кандидатката за градоначалник на Битола е паркирано погрешно на пешачка патека и дел на коловозот“, за што приложува и фотографија.
Заклучокот кој го донесе Координативно тело за следење на почитувањето на начелата и стандардите од Кодексот е достапен на линкот.

