Скопје, 22 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 17 октомври 2025 година расправаше за Претставката поднесена од главната и одговорна уредничка на порталот Апла.мк, против кандидат за советник на независната иницијатива „Поинаку“ од Битола, воедно и советник во Советот на Општина Битола, во два мандати во изминатите 8 години.
Во претставката, беше наведено дека лицето на својот Фејсбук профил објавило статус упатен кон политичките ривали, медиумите и воопшто гласачите, во кој употреби недоличен, уличарски вокабулар, рушејќи ги сите нивоа на пристојно политичко комуницирање.
Заклучокот кој го донесе Координативно тело за следење на почитувањето на начелата и стандардите од Кодексот е достапен на линкот.

