КОДЕКС

ЗОШТО КОДЕКС?

Кодексотот е изработен за да послужи како насока за однесување на сите оние кои на некој начин се инволвирани во изборните процеси (и референдуми) и кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Целта е повеќекратна:

  • – да се обезбеди интегритет на информациите за време на изборите и референдумите;
  • – да се обезбеди транспарентност на политичкото рекламирање и на неговото финансирање;
  • – да се гарантира приватноста и безбедноста на личните податоци на граѓаните на Интернет за време на изборните циклуси и референдум;
  • – да се спречи ширењето дезинформации (неточни, нецелосни, лажни или злонамерни информации), говор на омраза и дискриминација по која било основа;
  • – да се зајакне довербата на граѓаните преку обезбедување поволен амбиент и услови за почитување на законски загарантираните права и на слободата на изразување и информирање.

 

КОЈ ГО ИЗРАБОТИ КОДЕКСОТ?

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми е изготвен на иницијатива на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во соработка со Здружението на новинари на Македонија, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика во медиумите на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Фондацијата Метаморфозис.

Во процесот учествуваше и ОБСЕ/ОДИХР со својата експертиза.

НА КОГО СЕ ОДНЕСУВА КОДЕКСОТ?

Опфатот на Кодексот е на повеќе субјекти:

  • – политичките партии, нивните кандидати и независните кандидати и нивното однесување во онлајн просторот (вклучително на социјалните мрежи), за време на изборните циклуси и референдуми;
  • – интернет изданијата (или поточно веб страниците) на радијата и телевзииите;
  • – онлајн медиумите (попознати како интернет портали);
  • – проверувачите на факти;
  • – инфлуенсерите и други субјекти кои можат да извршат влијание врз јавноста во функција на кампања за време на избори или референдуми.

Принципите и стандардите пропишани во Кодексот се од етичка природа, поради што неговото почитување е на доброволна основа, со потпишување Пристапница и тој не е замена за постоечките или за идни законски правила и прописи, но ќе служи како алатка којашто ги повикува на индивидуална одговорност субјектите на кои се однесува.

Од овие причини, се формира Координативно тело кое ќе го следи почитувањето на Кодексот, а граѓаните и сите заинтерсеирани страни ќе можат да поднесуваат претставки, на коишто навремено и соодветно ќе биде одговорено.

Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми е достапен на следниот линк