Скопје, 5 ноември 2025 – Во периодот на Локалните избори 2025 година, Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на избори и референдуми ја потврди својата улога на механизам за брза реакција во случај на неетичко однесување во онлајн просторот – каде најчесто се шири говор на омраза и манипулативна комуникација.
До Координативното тело, во периодот од официјалното распишување на Локалните избори до заокружувањето на вториот круг на гласање, беа поднесени 8 претставки, главно од кандидати за јавни функции во локалната управа, политички коалиции и новинари што се однесуваат на медиумски содржини, објави на социјалните мрежи и јавни настапи на кандидати.
Жалителите реагираа на случаи каде што според нив се прекршени начелата за фер изборна комуникација, точност на информациите и почитување на приватноста и достоинството на политичките ривали.
Резимето на претставките и одговорите може да се погледне на линкот

