Со цел да се подигне јавната свест за постоењето и значењето на Кодексот, за начинот на функционирање на Координативното тело и за начинот на поднесувањето претставки до телото, креирани се Фејсбук и Инстаграм профили на Кодексот.
На нив, ќе се објавуваат пораки на македонски и албански јазик поврзани со Кодексот, а во наредниот период ќе бидат објавени и видео содржини.
На профилите на Фејсбук и Инстаграм може да се пристапи и преку веб страницата www.izborenkodeksonline.mk.