На 13 август 2025 година, се одржа првиот состанок на Координативното тело кое ќе постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми за време на изборниот процес за Локалните избори 2025 година.
На состанокот, беше констатирано дека ЗНМ и Метаморфозис номинираа нови членови/замници-членови во Телото поради објективна спреченост на претходните членови. Нов претставнки на ЗНМ е Огнен Јанески, а на Метаморфозис Џенис Сулимани. Повеќе информации од состанокот се достапни на линкот.