На 12 февруари 2024 година во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги се одржа конститутивен состанок на Координативното тело кое ќе постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми.
На состанокот беа изгласани Саше Димовски од Здружението на новинари на Македонија за координатор и Оливера Војновска од Фондацијата Метаморфозис за заменичка – координаторка на Координативното тело.
Меѓу останатото на состанокот се дискутираше и за предлог-правилникот за работа на Координативното тело за пријавување и постапување по претставки за време на изборни процеси и референдуми, мандатот на телото како и на координаторот/заменикот координатор, начинот на објавување на одлуките донесени од телото, прифаќањето/одбивањето и менаџирањето на средства во случаи на донации и слично.