Со цел подигнување на јавната свест за постоењето и значењето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, преку пораки и видеа на социјалните мрежи, јавноста ќе се информира за важноста на етичкото однесување во дигиталниот простор за време на изборниот процес, за значењето на Кодексот и за начините на поднесување претставка до Координативното тело кое го следи почитувањето на Кодексот. Пораките и видеата ќе бидат објавувани на македонски и албански јазик.
На овој начин се очекува подигнување на свеста на субјектите на кои тој се однесува за нивната одговорност при водењето кампањи во онлајн просторот како и поголема вклученост на јавноста во препознавање и пријавување на евентуалното непочитување на принципите и стандардите за водење онлајн кампања. Првата објавена порака е „Запознај се со Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни циклуси и референдуми“.
🗳️ За време на изборни процеси, дигиталниот свет станува важна арена за комуникација. Затоа, беше создаден Кодекс за однесување во онлајн просторот за време на изборни циклуси и референдуми, со цел:
✅ да се спречат дезинформации, говор на омраза и злоупотреба на лични податоци
✅ да се гарантира транспарентност на политичкото рекламирање
✅ да се заштити правото на точно информирање и слобода на изразување
✅ да се поттикне одговорност кај медиумите, политичките актери и инфлуенсерите
📌 Кодексот е изработен на иницијатива на АВМУ во соработка со ЗНМ, МИМ, СЕММ, ИКС и Фондацијата Метаморфозис.
📥 Прочитај го целиот Кодекс на www.izborenkodeksonline.mk
#ЛокалниИзбори2025 #ИзборенКодексОнлајн