Скопје, 9.10.2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 7 октомври 2025 година, се состана во врска со претставката поднесена од страна на Жаклина Филипова – Свеќаровска кандидатка за градоначалничка на Општина Кочани, против Радио Кочани, поради тоа што Радиото, на 3 октомври 2025 година, закажало дебата само со двајца од шестмина градоначалнички кандидати.
Координативното тело им укажува на медиумите дека треба да бидат транспарентни во однос на претставувањето на кандидатите, да имаат јасен план и правила за тоа како, во сите облици на изборно медиумско претставување, вклучувајќи ги и дебатите, ќе обезбедат рамноправно претставување во согласност со Изборниот законик.
Заклучокот од состанокот на Координативното тело е достапен на линкот