Скопје, 31.10.2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 31 октомври 2025 година расправаше за Претставката поднесена од физичко лице против кандидат за градоначалник на Град Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Претставката се однесува на начинот на комуникација на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ кон неговиот политички соперник, односно кандидатот за градоначалник на Град Скопје од политичката партија Левица, за време на ТВ-дуелот емитуван на Канал 5 и достапен на Фејсбук профилот на Телевизијата од 28 октомври 2025.
Заклучокот на Координативното тело по поднесената претставка е достапен на линкот

