Скопје, 31 октомври 2025 – Координативното тело за следење на почитувањето на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 31 октомври 2025 година расправаше за претставка поднесена од Коалицијата Влен против медиумот „Трилинг“ за текст објавен на неговата интернет страница „Трилинг.мк“.
Коалицијата Влен во претставката наведува дека во текстот се изнесени тврдења за наводен политички пазар, амнестија и „купување слобода“ меѓу функционери на Владата и локални политички актери, при што без докази, документи или официјални извори се поврзува движењето Влен со криминални структури и корупциски зделки“ со што како што е наведено се прекршува Кодексот на новинари се шират дезинформации и се нарушува правото на Влен за еднаков и фер медиумски третман во предизборен период.
Заклучокот кој го донесе Координативното тело по претставката од Коалицијата Влен за медиумот „Трилинг“ е достапен на линкот.

