Скопје, 31 октомври 2025 – Координативното тело за следење на Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми, на 29 октомври 2025 година решаваше за претставка поднесена од физичко лице против актуелниот градоначалник на Општина Македонска Каменица и кандидат за нов мандат.
Претставката се однесуваше за објава на социјалната мрежа Фејсбук на 17.10.2025, од страна на актуелниот градоначалник на Македонска Каменица, која според жалителката содржи „навреди, ширење говор на омраза, шпекулации и дезинформации“ против нејзината мајка.
Заклучокот кој го донесе Координативното тело во врска со претставката е достапно на линкот.

 
									 
					