Скопје, 5 ноември 2025 – Координативното тело што постапува според Кодексот за однесување во онлајн просторот за време на изборни процеси и референдуми ги финализираше активностите реализирани за време на Локалните избори 2025.
На почетокот на изборниот процес, Координативното тело ги охрабри сите субјекти на кои се однесува Кодексот да се приклучат и да се заложат за почитување на неговите одредби со што ќе помогнат Локалните избори да се одржат во фер и демократска атмосфера. Кодексот беше испратен на сите партии и независни листи и кандидати кои учествуваа во изборниот процес, за да имаат можност да пристапат кон него. За време на овие избори кон Кодексот пристапија 2 политички партии (Десница и Демократски сојуз) и 4 Групи избирачи (Кети Сталеска, Енис Демиров, Страхил Гавритов и Марјан Калевски од Зелен хуман град). Со нив, вкупниот број на субјекти кои пристапиле кон Кодексот се искачи на 33.
Целиот текст на соопштението за активностите на Координативното тело за Локалните избори 2025 е достапен на линкот

